Дали ова е решение за “океан“ канцелариите во услови на пандемија?

296

Загрепската компанија Dizz Concept претстави иновативен производ под името Office Shell. Станува збор за работен простор што овозможува изолација и приватност на вработените кои работат во “океан“ канцеларии, пишува Пословни дневник.

Овој затворен работен простор зафаќа помалку од четири метри квадратни.

Dizz Concept на овој проект работел околу една години, инвестицијата била околу 40.000 евра, а сега ги примаат првите нарачки.

Според компанијата, овој концепт овозможува поголема продуктивност на вработените, а во услови на пандемија е ефикасна заштита од ширење на зарази во канцелариите. Вработените, како што се наведува, ќе може да си постигнат рамнотежа меѓу работата во приватност и заедничка работа, а погоден е за користење и во нови или веќе постоечки канцеларии.

“Office Shell овозможува дополнителна заштита од вируси и бактерии и помага да се намали стресот во околината. Дизајнот е во развој и е подложен на промени. Ќе биде индивидуално прилагодлив на секој корисник, а при изработката користевме природни материјали за да добиеме удобна работна средина што не бара период на прилагодување“, велат од хрватската компанија.

Може да се комбинира и со вообичаениот канцелариски мебел, а се составува за помалку од 20 минути.

Фото: YouTube/screenshoot