Дали Шведска е најдобро место да се добие отказ?

50

Добивањето отказ е едно од полошите искуства што може да му се случи на еден работник, но не и во Шведска. Во оваа земја, како што пишува BBC, постои таканаречен систем на транзиција којшто им помала на отпуштените луѓе полесно да се снајдат.

Системот има за цел да им укаже на луѓето кои се нивните најдобри вештини и им помага да си најдат подобра работа од претходната. Се работи за приватни социјални служби ширум земјата коишто ги плаќаат компании кои имаат потреба од соодветни вработени.

Работникот кој останал без работа оди кај специјализиран тренер кој го подучува во согласност со неговите вештини и амбиции. Околу 90% од работниците успеваат да најдат работа за помалку од една година. Поголемиот дел од жителите на Шведска кои поминуваат низ процесот на транзиција, наоѓаат нова работа во рок од шест месеци, а според податоците, помладите од 30 години, на следното работно место веќе имаат поголема плата од претходно.

Во Шведска во овој момент постојат 16 такви организации и секоја од нив покрива различни сектори. Работодавачите во оваа земја плаќаат 0,3% од својата заработка на овие советници за осигурување на работа и на некој начин се сигурни дека ќе дојдат до вработениот кој најмногу им одговара.

Фото: Pexels