Дали скратеното работно време ќе ги намали отказите?

73

Европската комисија (ЕК) најави програма за скратено работно време коешто би требало да им помогне на компаниите во најтешко погодените земји да ги задржат своите вработени.

“Тоа е европската солидарност на дело. За Италија, Шпанија и други. Тоа е за иднината на Европа“, изјави претседателката на ЕК, Урсула вон дер Лејен за овој нов инструмент под името Sure.

Тој е сличен инструмент, како што пренесува Пословни дневник, што го користеле некои земји членки во текот на финансиската криза во 2008 година. Според овој модел, државата плаќала дел од работничките права, што им овозможи на компаниите да ги задржат работниците и да ги намалат трошоците за време на криза. Засега нема детали од каде ќе се повлечат пари за овој инструмент.

“Идејата е едноставна. Ако нема порачки и компаниите немаат работа поради привремениот екстерен шок како што е коронавирусот, тие не ги отпуштаат вработените, туку тие остануваат иако има помалку работа. Во слободно време работниците би можеле да научат, на пример, нови вештини што ќе им користат и на компаниите и на нив самите“, вели претседателката на ЕК.

Откако ќе заврши кризата со пандемијата и ќе бидат укинати ограничувањата за движење и собирање, работниците ќе може да се вратат на работа со полно работно време.

Фото: Pixabay