Дали сте личност со која што никој не сака да работи?

61

znak

Фото: Pixabay

Во секоја компанија има личности кои ги земаат заслугите од другите, им ги крадат идеите на колегите и му се умилкуваат на шефот. Никој не сака да работи со такви личности.

Компанија од Силиконската долина што има 140% раст на годишно ниво, има осмислено тест со којшто можат да се одредат и одбегнат ваквите луѓе.

Доколку одговорите потврдно на следните седум прашања, тогаш и вие сте личност со која никој не сака да работи.

1. Дали се обидувате да напредувате преку заплашување?

Силеџиите лесно можат да се идентификуваат бидејќи стојат пред вашето лице кога зборуваат и често се многу гласни. Не се повлекуваат кога не се согласувате со нив и секогаш мора да го имаат последниот збор.

2. Дали обвинувате некој друг за вашиот неуспех?

Кога некој проект нема да успее, тогаш овие личности ќе го обвинат колегата, за кој знаат дека е на најслаба позиција во одделот.

3. Дали си ги припишувате заслугите за туѓиот успех?

Најчесто ваквите личности социјално се поврзуваат со шефот и му се умилкуваат, со цел да дојдат до повисока позиција. Повеќе време трошат на умилкување, отколку на работење. Ако одделот во којшто работат постигне успех, тие први ќе ја земат заслугата.

4. Дали зборувате колку се лоши нештата?

Овие личности секогаш шират лоши вести во компанијата. Ако поминувате време со нив тие ќе се надеваат дека со негативните информации ќе ве обесхрабрат и ќе престанете да работие напорно. Можеби дури и ќе ве охрабрат да ја напуштите работата, бидејќи е лоша ситуацијата во компанијата, со цел да имаат една личност помалку да се натпреваруват кога ќе треба да унапредуваат.

5. Дали задржувате критични информации со цел вашиот ривал да изгледа лошо?

Овие личности ја сакаат работата на нивиот шеф. Кога ќе има важен состанок, критичните информации ќе ги каже по говорот на неговиот шеф, велејќи дека штотуку ги добил информациите. На тој начин го дискредитира шефот и се става себеси во надредена позиција.

6. Дали одбивате да им помогнете на колегите?

Кога и да им побарате помош на овие личности, тие секогаш ќе најдат некое објаснување зошто не можат да ви помогнат.

7. Дали го блокирате прогресот со комплицирање на едноставното решение?

Целта на ваквите луѓе е да го саботираат проектот. Тие ќе зборуваат колку сакаат да помогнат во работата на проектот, но всушност сакаат да го саботираат со тоа што ќе го направат да биде сложен и невозможен за реализација.