Дали сте подготвени за Avto Plus Street Show?

580

Најголемиот авто-мото настан во нашата земја, Street Show во организација на Авто Плус, ќе се одржи од 9 до 10 октомври под отворено небо

По пауза од една година поради пандемијата на коронавирусот Street Show настанот во организација на Авто Плус повторно се враќа на сцената. Во отсуство на вистински автомобилски настани во Македонија, Авто Плус го организира својот настан кој стана препознатлив како авто-мото саем под отворено небо.

Новото издание на Авто Плус Street Show ќе се одржи на отворено на големите паркинзи на СЦ „Борис Трајковски“ на површина од 7.000 метри квадратни. Настанот ќе се одржи на 9 и 10 октомври (сабота и недела), а посетителите на едно место ќе можат да ги погледнат сите нови автомобили, лесни комерцијални возила, мотоцикли, а свое место ќе најде и секторот кој се занимава со автомобилска галантерија и додатоци за возила. Секако, во согласност со светските трендови, фокусот ќе биде ставен и на електричната мобилност, па така ќе бидат изложени и електрични автомобили и електрични мотоцикли и скутери.

Овој алтернативен начин на презентирање на нови, еколошки, технолошко напредни и електрични возила започнува во 10 часот и ќе трае до 20:30 часот во двата дена. Авто Плус Street Show ќе обедини петнаесетина автомобилски брендови кои ќе ги презентираат новитетите на македонскиот пазар.

Со второто издание на Street Show, Авто Плус продолжува со креирањето на настаните за македонската автомобилска индустрија, веднаш по Изборот за Автомобил на Годината (од 1995) и Златно Тркало (од 2018).