Дали треба да се чуваат фискалните сметки додека се оствари повратот на ДДВ?

823

Фото: Pixabay

Од први овој месец започна повратот на 15% од данокот на додадена вредност. Мерката МојДДВ важи за фискални сметки до 30.000 денари платени во готово или картичка.

Едно меѓу најчесто поставуваните прашања поврзани со оваа мерка и самата апликација МојДДВ е дали треба да се чуваат фискалните сметки додека да се оствари поврат на ДДВ. Одговорот на Управата за јавни приходи е дека граѓаните немаат обврска да ги чуваат сметките додека да се оствари повратот на ДДВ. Доволно е да ги скенираат преку апликацијата МојДДВ, но не подоцна од 10 дена од денот на издавање на фискалната сметка.

На прашањето колку сметки дневно може да се скенираат, од УЈП велат дека не постои ограничување на бројот на сметки што се скенираат на дневна основа.