Дали Црна Гора лежи на црно злато? Короната го одложи бушењето

89

Првото истражувачко бушење за да се покаже дали има нафта во црногорското тло, што беше планирано за ова лето, е одложено до 2021 година.

Од Управата за јаглеводороди на Црна Гора, соопштија дека дупчењето е одложено поради пандемијата на коронавирус,  пренесува Bankar.

Според сегашните проценки на управата, таа работа се очекува да започне во првиот квартал од следната година, односно од јануари до крајот на март.

Црна Гора досега склучи два договори за концесија за истражување и производство на нафта и гас – првиот со конзорциумот Eni/ Novatek во 2016 година, а вториот со грчката компанија Energean една година подоцна.

Фото: Freepik