Дали знаете кога е основана Пивара Скопје?

38

Истражувањето што го спроведува тимот на Пивара Скопје, во соработка со Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС, пребарувајќи ги архивите во Белград, Загреб и Софија, дојде до нови податоци и артефакти кои покажуваат дека компанијата била основана на втори септември 1922 година, а дека производство на пиво започнало во август 1924 година.

Збирката на артефакти зa историјата на Пивара Скопје,  сега се збогатува со две книги, кои се подарок од Државниот Архив и датираат уште од 1924 година. Првата книга е Дневник на купувачи на пиво, којашто е евиденција за првите купувачи кои набавиле буриња со пиво, а во втората книга може да се забележат потписите на првите потрошувачи кои направиле нарачки, меѓу кои биле познатото семејство Шкаперда, скопската митрополија, офицерскиот дом и многу други.

“Многу сме им благодарни на Државниот Архив и Центарот за научно истражување и промоција на културата – ХАЕМУС за одлуката овој артефакт да ѝ биде предаден на Пивара Скопје. Постојаното надополнување на нашата колекција на артефакти е од огромно значење за компаниското наследство. Ме радува што еден ваков бесценет артефакт се враќа онаму од каде што потекнува“, изјави Ламбро Патче, менаџер за комуникации и односи со јавност на Пивара Скопје.

Од тимот што работи на истражувањето очекуваат дека ќе се откријат уште многу интересни артефакти, а и непознати факти кои дополнително ќе го збогатат наследството на Пивара Скопје.