Dandеlion Air – систем за греење ладење што користи енергија од земјата

38

Alphabet, “родителската“ компанија на Google, го претстави Dandеlion Air, паметен систем што користи енергија од земјата за греење и ладење на домот. Тоа е воедно и прв комерцијален производ на компанијата, пишува CNN.

За разлика од традиционалните печки и климатизери Dandelion Air е геотермален систем што ја користи енергијата на земјиштето преку пластични цевки и пумпа во домот. Системите во зима ја движат топлината од земјата до домот, додека во лето од домот до земјата.

Тимот работеше на технологијата во Google две години пред да добие своја компанија.Традиционално геотермалните системи се направени по порачка за домовите, но Dandelion сака да го автоматизира производниот процес со цел системот да работи во секој дом.

Инсталацијата чини околу 20.000 долари, зависно од големината на домот. Се очекува сопственикот на домот со овој систем да заштеди 20% годишно на трошоци за греење и ладење. Стартапот се надева дека ова е доволна причина да се префрлат сопствениците на геотермален начин на ладење и греење за нови или постоечки домови.

За почеток Dandelion Air ќе биде достапен само за корисниците во САД.

Фото: Dandelion