Даночните канцеларии на УЈП со продолжено работно време до 20 часот

17

ujp

Даночните канцеларии на Управата за јавни приходи (УЈП) денеска ќе работат со продолжено работно време до 20 часот. Тоа е со цел граѓаните да можат да ја поднесат Годишната даночна пријава за поднесување персонален данок на доход во законскиот рок што истекува денеска.

Заклучно со 14-ти март, поднесени се вкупно 403.316 даночни пријави, од кои 1.933 се поднесени по електронски пат.

Пријавите може да се поднесат и преку пошта, преку е-Даноци за регистрираните корисници на електронските даночни услуги, како и во дополнителни шалтери во Скопје, лоцирани на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ).