Даноците за животна средина чинат 1,9% од БДП

151

Во 2017 година, даноците за животна средина составувале околу 1,9% од бруто – домашниот производ, што е за 0,1% повеќе отколку во 2016 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во земјава во 2017 година биле платени даноци за животната средина во износ од 11.422,9 милиони денари, што е за 2,8% повеќе отколку во 2016 година.

Во 2017 година, најголемо учество во даноците за животната средина имаат даноците за енергенти со 64,4%, по што следат даноците за транспорт со 34,7% и даноците за загадување 0,9%.

Фото: Pixabay