Данска гради “зелен“ остров oд над 33 милијарди долари

80

Данска одобри план за изградба на вештачки остров во Северното море, што ќе произведува и складира доволно “зелена“ енергија за покривање на потребите на три милиони домаќинства.

Островот ќе се гради 80 километри од западното крајбрежје на Данска, а во почетната фаза ќе биде на површина од 18 фудбалски игралишта и би требало да ги прими првите жители во 2033 година.

Ќе биде поврзан со стотина ветерници, ќе ги снабдува со струја домаќинствата и паралeлено ќе им испорачува “зелен“ водород на бродари, авиокомпании и логистички компании.

Заедно со околните ветерници ќе имаат почетна сила од три гигавати, а ќе чини околу 33,87 милијарди долари.

Се очекува островот да даде голем придонес за реализација на огромниот европски потенцијал за користење на енергијата од ветрот на морето. Вештачкиот остров е важен дел од целта на земјата да ја намали емисијата на штетни гасови за 70% до 2030 година.

Фото: Freepik