Давос на интернет – светските лидери на онлајн средба

33

Лидерите на Кина, Јапонија, Германија и другите големи економии следната недела ќе учествуваат на Светскиот економски форум, што за првпат наместо во швајцарскиот зимски центар Давос ќе се одржи на интернет.

Освен кинескиот претседател, Кси Џинпинг, јапонскиот премиер Јошихида Суга и германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбата ќе учествуваат и челници како што е индискиот премиер Нарендра Моди, францускиот претседател Емануел Макрон и други.

Пандемијата оваа година ги принуди организаторите настанот да го организираат онлајн,а следниот понеделник ќе го отвори генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации, Антонио Гутереш. Португалецот во својот говор ќе ја нагласи потребата од мултилатерален пристап во поларизираниот свет.

Американскиот претседател, Џо Бајден, којшто ќе го замени Доналд Трамп во среда, планира да поништи некои од унилатералните одлуки на неговиот претходник, како што е напуштање на Парискиот климатски договор.

Покрај онлајн средбата, планирана е и физичка средба на светските лидери, но овојпат тоа нема да биде Давос, туку Сингапур и тоа во мај.

Фото: Freepik