Давос нема да биде домаќин на светската бизнис елита

60

Светскиот економски форум објави дека Самитот во Давос, којшто беше одложен поради пандемијата, ќе биде одржан од 18-ти до 21-ви мај, но нема да се одржи во Давос, којшто беше своевиден заштитен знак на настанот.

Познатиот самит на којшто учествуваат моќници од целиот свет, ќе биде одржан во големиот луксузен комплекс Луцерн – Биргенштон, во Швајцарија. Иако е поместен за околу пет месеци од традиционалниот период кога вообичаено се одржуваше самитот во Давос (јануари), сепак постои можност за негово откажување доколку пандемијата земе поголем замав.

“Состанокот ќе биде одржан само доколку се исполнат сите услови што гарантираат здравје и безбедност на учесниците и домаќините“, велат организаторите.

Светскиот економски форум ќе има и виртуелна верзија на самитот, а фокусот ќе биде ставен на изнаоѓање одржливи решенија за актуелните предизвици во светот.

Фото: Pixabay