dbell Live, паметно ѕвонче и безбедносна камера

92

dbell-kickstarter

dbell Live е безбедносен уред што на корисникот му дава информации за тоа кој се наоѓа пред надворешната врата во секое време, без разлика дали е дома или не. Преку овој уред корисникот може да комуницира со своите посетители преку мобилен уред, а има можност да следи што се случува преку телевизор.

Dbell има HD видео камера што може да се движи за 160 степени, како и микрофон и повеќе сензори, чија цел е корисникот да се чувствува безбедно. Веднаш испраќа сигнал кога некој ѕвони на вратата или доколку сензорите регистрираат некакво движење.

Корисникот, исто така, може да комуницира со своите посетители од било кое место. Постои и опција dbell да снима во однапред утврдено време, на пример, кога нема никој во домот.

Идејата за овој иновативен безбедносен систем е на канадскиот старт – ап dbell, којшто на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, првично побара 10.000 долари поддршка. На 21 ден пред истек на кампањата, стартапот досега собра над 53.300 долари.

ФОТО: Kickstarter