Дебата на тема Енергетска сиромаштија во Македонија и регионот

18

Во организација на фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организацијата Аналитика, денес во Скопје ќе се одржи конференција на тема Енергетска сиромаштија во Македонија и регионот.

Конференцијата има за цел да овозможи заедничка платформа на која државните институции, општините, граѓанските организации, донаторите, фирмите од Македонија ќе дискутираат за значењето на снабдувањето со енергија во Македонија и регионот, за политиките, можностите и решенијата за справување со истата на ефикасен и соодветен начин, како на пример со мерки за енергетска ефикасност.

И покрај тоа што е признаена како проблем во регионот, енергетската сиромаштија не е соодветно дефинирана, а не се спроведуваат ни соодветни политики за нејзино справување.

“Со оваа иницијатива сакаме да придонесеме кон зголемување на свеста кај политичките субјекти и пошироката јавност за важноста на ова прашање и за потребата од негово решавање на ефикасен начин”, велат организаторите на настанот.