Дебата за невработеноста кај младите во Македонија

24

Тркалезна маса на тема Невработеноста кај младите во Република Македонија – Социјална инклузија на ранливи групи на млади ќе се одржи денеска во Битола во организација на локалниот Младински културен центар, пишува Миа.

Активноста е во рамки на регионалниот проект поддржан од Европската комисија Платформа за иновации во областа на младинската невработеност во Југоисточна Европа. Учесниците ќе го разгледаат Нацрт националниот извештај за невработеноста кај младите лица во Македонија, спроведен во периодот од март до мај, оваа година.

Проектот се реализира во седум земји на ЈИЕ: Македонија, Црна Гора, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Турција, а главна цел е да се истражат состојбите со младинската невработеност во регионот и да понуди иновативни модели и решенија за поттикнување на вработувањето на младите во земјите вклучени во проектот.