Деца со велосипеди возат околу фабриката на Мате Римац, едно доби специјален подарок

93

На интернет се појави видео од минатата година во коешто едно момче од Света Недела, Хрватска, доби прилика да се повози во Concept_One и тоа управуван од неговиот основач, Мате Римац.

“Го споменав кампусот којшто сакам да биде без ограда за да може било кој да дојде во најблизок контакт со она што го правиме. Една од целите е локалните деца да растат со погледот на хипер автомобилите и различни прототипови на сите можни производителите што се тестираат по улиците и тоа да ги поттикне еден ден да се занимаваат со технолошка професија… Многу деца доаѓаат со велосипеди и се возат околу фирмата, дури и влегуваат внатре и слободно шетаат, ги гледаат автомобилите и разговараат со вработените. Анте е еден од оние кои скоро секој ден доаѓаше со велосипед. По некое време веќе сите го знаеја и го пуштаа слободно да влезе. Негова најголема желба беше да заврти круг во Concept_One, па јас му ја исполнив таа желба, како и на многу други деца во околината, само што тие не го ставија тоа на YouTube“, напиша Римац на Facebook.

Од разговорот може да се види колку Анте е воодушевен, но и добро знае како функционираат возилата на Римац.

Фото: YouTube screenshot