Како се подготвува кашкавал, како се прави сирење, дали млекото се става директно во чаша, ова беа дел од љубопитните прашања на над 60-тина дечиња, од неколку скопски предшколски установи кои заедно со своите наставници имаа можност да го посетат производниот погон на Млекара Здравје Радово во Куманово. На едноставен начин, близок и разбирлив за дечињата, технолозите од млекарата се обидоа трпеливо да им го објаснат целокупниот процес на создавање квалитетен и безбеден млечен производ, од фарма до место на продажба. Целта на посетата беше едукативна, со цел на децата уште од мали години да им се објасни улогата и значењето на млекото и млечните производи во нивниот развој. На лице место имаа можност да вкусат свежо млеко, како
и од вкусните производи по кои е препознатлива млекарата Здравје Радово. Децата највеќе го бендисаа кашкавалот, оти покрај поделените парчиња се делеше и репете. Дефинитивно тие се и најискрените потрошували оти незнаат да сокријат ако нешто им се допаѓа.
“Наша задача како компанија која произведува здрави и безбедни производи e да бидеме aктивно вклучени во процесот на едукација на нашите најмили, децата, бидејќи пред се и ние самите сме родители, и за нив го посакуваме најдоброто. Млекото и млечните производи играат важна улога во здравиот развој на децата, нивните коски и заби. Како општествено одговорна компанија, Млекара Здравје Радово и во иднина ќе остане посветена на реализација на најразновидни проекти и активности, кои имаат пошироко значење за заедницата на која и припаѓа”, изјавија од компанијата.
Во своите идни планови Млекара Здравје Радово планира да го зголеми портфолиото на производи.