Decoder – апликација за подобра концентрација

28

Фото: Pixabay

Научници од Универзитетот во Кембриџ развија апликација што го подобрува вниманието и концентрацијата, по само еден месец употреба.

Станува збор за апликацијата Decoder, којашто ја помина експерименталната фаза, па сега е комерцијално достапна за уреди со iOS оперативен систем.

Апликацијата ја развиваа науници од Институтот за бихевиорална и клиничка неврологија од овој универзитет и беа прилично ригорозни во нејзиното создавање, бидејќи на пазарот постојат голем број апликации за развој на мозочните функции.

Во експериментот учествуваа 75 млади и здрави луѓе поделени во три групи. Во првата беа млади лица кои не играа никаква игра, во втората играа Bingo, додека во третата учесниците имале осум едночасовни сесии во текот на еден месец.

За да направат тест за нивото на внимание и концентрација, на почетокот и на крајот на месецот, сите учесници направија невропсихолошки тест, којшто тврди декае “сигурна и објективна мерка за постојано внимание“.

Резултатите покажаа дека по само еден месец користење на Decoder, лицата развиле значително подобрување на концентрацијата во споредба со другите учесници.