Дефицитарните занаетчии нема да плаќаат комунална такса

44

Од следната година, дефицитарните занимања и занаетчиите во исчезнување нема да плаќаат комунална такса.

Според усвоената методологија од страна на Владата, на својата веб страница секој прв квартал во годината Државниот завод за статистика ќе поставува листа на занаети во исчезнувања. Оние кои се занимаваат со тие занаети, таа година ќе бидат ослободени од обврската за плаќање комунална такса.

Според првичните анализи, дефицитарни занаети се саатчија, производство на музички инструменти, ковач, грнчар, лимар, казанџија, свеќар, крзнар, корпар-сувенирџија, самарџија, шапкар…