Дегустатори на вино бараат приоритетна вакцинација за да ги зачуваат сетилата

98

Француските дегустатори на вино сакаат да бидат дел од приоритетните групи за вакцинирање против коронавирусот бидејќи стравуваат дека ако се заразат ќе го загубат сетилото за вкус.

Истражување на тамошниот сојуз на енолози покажало дека повеќе од две третини од дегустаторите кои биле заразени тврдат дека коронавирусот влијаел на нивната способност да ја работат својата работа.

Некои од оние лица кои се обучувале да стана енолози морале да ги прекинат сите активности со оглед на тоа колку е важно сетилото за вкус и мирис за таа работа.

Претставниците бараат од француските власти да ги стават на приоритетна листа за вакцинирање. Во образложението наведуваат дека сетилата за вкус и мирис се клучни за нивната работа.

Фото: Pexels