Дел од акумулираните добивки на Мермерен комбинат Прилеп одат за дивиденда

133

mermeren kombinat prilep

Мермерен комбинат од Прилеп донесе одлука за распределување на акумулирани добивки остварени до 31.12.2014 година.

“Дел од акумулираните добивки на компанијата остварени до 31.12.2014 година во вкупен износ од 138.356.048 денари ќе се распределат како дивиденда за обични акции“, стои во одлуката.

Износот на бруто дивиденда за една обична акција е 0,48 евра.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 22.04.2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда е 25.04.2016 година. Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 27.04.2016 година.

Исплатата на дивидендата ќе започне на 28.04.2016 година и ќе се изврши согласно позитивните законски прописи.