Дел од добивката на Комерцијална банка за дивиденда, остатокот за резерви

23

komercijalna banka

Комерцијална банка донесе предлог одлука за употреба и распоредување на нераспределената добивка до 31.12.2015 година.

Според предлог одлуката, од нераспределената добивка на банката се одвојуваат 284.883.375 денари за дивиденда за обични акции, а остатокот од 240.224.437 денари за резерви.

“Комерцијална банка, како резултат од работењето во 2015 година, оствари добивка пред оданочување во износ од 588.436.970 денари. По одбивање на данокот на добивка во износ од 63.329.158 денари, останува добивка по оданочување во износ од 525.107.812 денари. За распредела се предлага износот на нераспределената добивка од 525.107.812 денари и тоа на дел за дивиденда за обични акции и дел за резерви“, се вели во Образложението кон предлог одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка.

Износот на дивидендата се очекува да биде за една обична акција 125 денари, односно 12,5% во однос на номиналната вредност од 1.000 денари.

Акционери на банката на 23-ти овој месец ќе одржат Собрание, а датумот на евиденција според којшто ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2015 година е 07.04.2016 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година 04.04.2016 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 05.04.2016 година.

Исплатата на дивиденда за 2015 година ќе започне на 19.04.2016 година,а истата ќе биде во готово.