Дел од добивката на Мермерен комбинат за дивиденда, остатокот ќе се акумулира

98

mermeren kombinat prilep

Акционерското друштво Мермерен комбинат од Прилеп донесе одлука за распределување на добивката за 2014 година.

Од добивката за 2014 година, во износ од 422.100.807 денари, за бруто дивиденда на акционерите се одвојуваат 288.241.767 денари, додека остатокот од 133.859.040 денари ќе се акумулира.

Износот на бруто дивидендата за една обична акција изнесува 61,50 денари.

“Од распределената бруто дивиденда на акционерите да се задржи бруто износот на аванс на дивиденда од добивката остварена во 2014 година, исплатен во декември 2014 година, по 0,15 евра за една обична акција во износ од 43.236.265 денари“, се вели подолу во одлуката.

Листа на акционери кои имаат право на дивиденда е 26 јуни оваа година. Последен ден на тргување со право на дивиденда е 23 јуни 2015 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда е 24 јуни оваа година.

Исплатата на дивиденда ќе започне на 29 јуни и целосно ќе се изврши најдоцна до 30 септември.