Дел од добивката на Метропол ќе се акумулира, остатокот за законски резерви и награда

58

Фото: Pixabay

Хотели Метропол донесе предлог одлука за распределба на добивката за 2018 година.

“Се одобрува добивката по оданочување за 2018 година на Хотели Метропол АД Охрид во износ од 30.497.773 денари да се распредели: за законски резерви 1.524.889 денари, нераспределена (акумулирана) добивка 27.184.649 денари и средства за награда во бруто износ од 1.788.235 денари“, стои во предлог одлуката.

Средствата предвидени за награда во бруто износ од 1.788.235 денари, како што се наведува, ќе се распределат со одлука од Одборот на директори на компанијата.