Дел од добивката на НЛБ Тутунска банка за дивиденда, остатокот за инвестиции

45

nlb

НЛБ Тутунска банка донесе предлог одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка за 2014 година.

“Добивката по оданочување по годишната сметка за 2014 година во износ од 672.641.401 денари се распоредува како што следи: за исплата на дивиденда 470.587.611 денари и за задржана добивка за инвестициони вложувања 202.053.790 денари“, стои во предлог одлуката.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2014 година е 07.05.2015 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2014 година е 08.05.2015 година. Датумот на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право на делот од добивката наменет за дивиденда за 2014 година е 12.05.2015 година.

Износот на бруто дивидендата по акција изнесува 551 денар. Исплатата на дивиденда ќе почне 30-от ден од одржување на Собранието на акционери на НЛБ Тутунска банка.

Добивката која се распоредува во задржана добивка за инвестициски вложувања, како што се наведува, служи за развојни цели односно вложувања во материјални и нематеријални средства за проширување на дејноста и истата не е расположлива за исплата на дивиденда на акционерите во иднина (ограничена за распределба на акционерите).