Дел од добивката на Славеј наменета за исплата на дивиденда

24

slavej-logo-580x97

Центарот за ортотика и протетика Славеј од Скопје донесе одлука за распределба на нераспределената добивка за 2016 година.

Компанијата лани оствари нето добивка по оданочување во износ од 7.810.605 денари, од кои 2.000.000 денари се за исплата на бруто дивиденда на акционерите. Нето дивидендата по акција изнесува 87,87 денари.

Дивидендата, како што стои во одлуката, ќе биде поделена на имателите на акции со состојба во книгата на акционери на ден 16.06.2017 година, со последен ден на тргување на акции со право на дивиденда на 13.06.2017 година или прв ден на тргување со акции без право на исплата на дивиденда е 14.06.2017 година.