Дел од добивката на Технокомерц ќе се акумулира, остатокот за инвестиции

43

tehnokomerc

Технокомерц од Скопје донесе одлука за распоредување на добивката остварена минатата година.

“Добивката остварена од работењето на Технокомерц во текот на 2015 година во износ од 8.012.525 денари се распоредува на следниот начин: 6.512.525 денари за акумулирана добивка и 1.500.000 денари за инвестиции во наредната година“, стои во одлуката објавена на Македонска берза.