Дел од добивката на Цементарница Усје за дивиденда, остатокот ќе се реинвестира

28

cementarnica usje

Цементарницата Усје донесе одлука за распределба на добивката остварена во 2015 година.

“Цементарница Усје оствари добивка за 2015 година во износ од 1.263.538.416 денари. Добивката ќе се распредели за: дивиденда на акционери во износ од 1.090.944.309 денари и реинвестирана добивка во износ од 172.594.107 денари. Неискористената реинвестирана добивка од 2014 година во износ од 16.327.467 денари да се распредели за дивиденда на акционерите“, стои во одлуката за распределба на добивката.

Вкупниот износ за распределба на дивиденда на акционерите изнесува 1.107.271.776 денари, односно 1.964 денари за една акција.

Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2015 година е 31.05.2016 година. Прв ден на тргување без право на дивиденда за 2015 година е 01.06.2016 година. Датум на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 03.06.2016 година.

Исплатата на дивиденда ќе се изврши најдоцна до 30.09.2016 година.