Деловен туризам: Кога ќе закрепне и кој е клучниот фактор?

62

Глобалната асоцијација за деловни патувања (Global Business Travel Association), најголемата асоцијација од ваков вид, објави годишна анализа за деловниот туризам во 2020 година.

Асоцијацијата презентираше и прогнози за наредната година. Во 12-то годишно издание на документот, што претставува сеопфатна студија за потрошувачката и растот на деловниот туризам, се опфатени 75 земји низ 48 индустрии.

Вирусот Ковид-19 започна да влијае на економијата во вториот квартал на 2020 година, кога падна за 68% (на 738 милијарди долари) од први април 2020 година до крајот на годината. За претходниот (прв квартал) на 2020 година, се проценува дека падот на глобалната потрошувачка во деловниот туризам е 52% за цела 2020 година (до 694 милијарди долари), во споредба со 2019 година кога потрошувачката беше 1,4 илјади милијарди долари.

Клучните податоци од ова истражување вклучуваат анализа на предизвиците за деловната туристичка индустрија присутна во 2020 година, како и прогноза за закрепнување.

Следниве ставки се наведени како загуби и предизвици во 2020 година:

Светскиот БДП падна за 4,4%, што е невиден пад, дури и од падот од 0,5% за време на големата рецесија во 2008 година.

Светската трговија беше намалена за околу 11% поради забраната за движење што го замрзна движењето на луѓе и стоки.

Забележан е значителен број отпуштања во деловната туристичка индустрија. Глобалното губење на работни часови во текот на 2020 година во споредба со крајот на 2019 година е еднакво на 400 милиони постојани работни места во хотели, авиокомпании, патен транспорт, ресторани и други услуги.

Влијанието на вирусот врз деловниот туризам варираше по региони, од први април до крајот на годината: Северна Америка – 79%, Западна Европа – 77%, Латинска Америка – 59%, Источна Европа – 63%, Азија-Пацифик – 52%, Средниот исток и Африка – 52%.

Од друга страна закрепнувањето би требало да изгледа вака:

Растот на потрошувачката во деловниот туризам се проценува на 21%. Поголемиот дел од заздравувањето се очекува на крајот на 2021 година, како резултат на глобалната вакцинација и враќањето на довербата на потрошувачите.

Понатамошно забрзување на деловниот туризам е предвидено во 2022 година, вклучително и значително враќање на групните состаноци и меѓународните деловни патувања.

До крајот на 2024 година, годишните трошоци за деловен туризам се очекува да достигнат приближно 1,4 илјади милијарди долари, скоро како што беше пред пандемијата во 2019 година.

Целосно закрепнување до нивоа на пред пандемија се очекува до 2025 година.

“Економското закрепнување веќе започна, иако останува нерамномерно во земјите и секторите. Продолжувањето на вакцинацијата ќе биде клучен фактор во глобалното закрепнување“, рече Дејв Хилфман, извршен директор на здружението.

Фото: Pixabay