Деловна нумерологија – овие броеви не можат да соработуваат

521

Комбинациите на некои броеви се осудени на пропаст. Проектот може да падне во вода поради лошата комуникација или ако два броја се во интеракција со дијаметрално спротивен пристап кон деловниот проблем.

Денот на раѓање ги одредува нашите деловни потенцијали и можности, па така родените на 1-ви и 10-ти во месецот се лидери кои благодарение на нивната упорност и амбиција, напредуваат брзо. Многу од нив имаат позиции како лидери на тимот, шефови, директори или менаџери.

Спротивно на нив, оние што се родени на 11-ти, 12-ти, 16-ти, 18-ти, 26-ти, 28-ми и 29-ти, тешко ги исполнуваат деловните цели. Иако можат да напредуваат и да дадат добри резултати, нивниот деловен пат честопати е полн со трње. Тие често се среќаваат со измамници и неискрени соработници, па затоа треба да внимаваат со кого се дружат.

Во независноста и оригиналноста особено ќе се истакнат оние што се родени на 4-ти, 13-ти, 22-ри и 31-ри во месецот. Овие се луѓе кои не се поднесуваат авторитет или наметнување на деловни правила. Тие можат да дадат сè од себе ако имаат одврзани раце – тогаш се најкреативни. Тие не се снаоѓаат во поголем колектив, честопати се бунтовници и сакаат да работат по свое. Затоа, не е ни чудо што се одлучуваат за самовработување и се многу успешни претприемачи.

Родените 2-ри, 6-ти, 15-ти, 20-ти и 24-ти се уметнички души. Тие се многу шармантни, друштвени и се омилени во работното опкружување. Тие се креативни и одлични во уметничките води, така што меѓу нив има многу музичари, танчери, сликари и писатели.

Високи амбиции имаат родените на  8-ми, 17-ти и 26-ти. Иако нивниот напредок не е лесен, се истакнуваат со практичност, темелност и сериозност. Тие се многу сигурни, знаат дека чуваат доверливи информации и имаат силно чувство за одговорност. Честопати тие се осамени затоа што изгледаат воздржано, но всушност тие се многу чувствителни.

Комбинации за пропаст

Комбинациите на некои броеви едноставно се осудени на деловна пропаст. Така, проектот може да падне во вода заради лошата комуникација. Така, на пример, родените на 2-ри, 11-ти, 20-ти и 29-ти не се согласуваат со родените на 8-ми, 9-ти, 17-ти и 26-ти поради нивните различни карактери. Првите се премногу чувствителни и користат интуиција во бизнисот, додека вторите се реалисти водени од чиста логика. Тешко се согласуваат, така што ваквите соработки се лесни за пропаѓање. Истото се случува со родените од 4-ти, 13-ти, 22-ри и 31- ви. Овие се луѓе кои сакаат сами да одлучуваат и не толерираат никаков притисок или присила, а овие особини ги имаат родените на 8-ми, 19-ти и 26-ти.

Родените на 18-ти и 27-ми во месецот по природа се многу енергични, импулсивни и смели по природа, што создава судир ако прават бизнис со егоистични личности.

Фото: Pexels