Деловни средби меѓу македонски и австриски компании

17

Деловни средби меѓу македонски и австриски компании се одржуваат денеска во организација на Стопанската комора на Македонија во соработка со Трговското одделение на Амбасадата на Австрија.

Во рамки на состанокот планирано е да се одржат и билатерални средби меѓу компаниите од електрометалната индустрија, кондиторската, месната и конзервната индустрија, производството на турбини, проектирањето и монтажата за мали хидроелектрани, производството на расветни тела, медицински апарати и слично.