Деловни тенденции во преработувачката индустрија

17

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јули 2015 година е за 0.6 процентни поени зголемен во однос на претходниот месец, а во однос на јули 2014 година е зголемен за 6.8 процентни поени, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јули 2015, во однос на јуни 2015 година е поповолна, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци, додека залихите на готови производи сe зголемени.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јули 2015 година е речиси на еднакво ниво како во претходниот месец, а e поповолна во однос на јули 2014 година. Истото се однесува и на оценката за бројот на вработени.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јули 2015 година изнесува 63,6% од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на прозводството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 24,7%, недостигот на квалификувана работна сила со 24,7%, недоволната домашна побарувачка со 23,8% и конкурентниот увоз со 6,1%.