Деловни тенденции во трговијата на мало во второто тримесечје

41

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во трговијата на мало во второто тримесечје е намален за 0.4 процентни поени во однос на претходното тримесечје, а за 1.1 процентен поен е зголемен во однос на истото тримесечје од 2014 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Eкономската состојба на деловните субјекти во второто тримесечје од 2015 година е речиси на еднакво ниво како во претходното тримесечје, а поповолна во однос на второто тримесечје од 2014 година. Се очекува дека ќе биде поповолна во наредните две тримесечја. Количината на залихите е зголемена во однос на претходното тримесечје.

Финансиската состојба во второто тримесечје од 2015 година е понеповолна во однос на првото тримесечје од 2015 година, оценката за очекуваните порачки за наредниот период е дека ќе се намалат, а очекувањата за бројот на вработените се дека ќе се зголеми.

Продажните цени во второто тримесечје од 2015 година се зголемени во однос на претходното тримесечје, а очекувањата за продажните цени во наредните 3 месеци се дека ќе се зголемат.

Најголемо влијание на ограничувањето на економската состојба на деловните субјекти во текот на второто тримесечје од 2015 година имале: слабата побарувачка на купувачите со 27,9%, зголемената понуда на пазарот со 14,2% и добивањето на банкарски кредити со 12,8%.