Ден “Д“ за пазарот на крипто -валути

155

Денешниот ден со право може да се нарече историски за пазарот на криптовалути.

Долгоочекуваниот ETF ProShares ќе понуди изложеност на биткоин термински договори.

Трговците се оптимисти за шансата американската комисија за хартии од вредност да даде зелено светло за првиот фонд што тргува со фјучерси на биткоин, веруваат аналитичарите.
“ЕTF претставува пресвртница во она што беше достапно на пазарот до денес“, рече Карен Суд, извршна директорка на Cboe Vesta, финансиска советодавна платформа во Меклин, Вирџинија.
Тоа е она што ги возбудува инвеститорите“.

Во моментов, инвеститорите можат да купат биткоин преку менувачници на дигитални валути, но има проблеми со безбедноста, бидејќи некои се грижат за потенцијални хакерски напади или губење на таканаречените приватни клучеви што им овозможуваат пристап до нивните средства, пишува tportal.

Друга можност, т.н биткоин фондации, нудат полесен начин за додавање на биткоин во портфолија преку посреднички сметки или сметки за пензионирање. Но, тие средства може да имаат повисоки надоместоци, а вредностите може да не ги одразуваат промените во цените на дигиталните валути.