Денес е Eвропски ден за заштита на податоците

27

tkIntechPCover_2Дирекцијата за заштита на личните податоци денеска го одбележува Европскиот ден за заштита на податоците под мотото Час по приватност.

Во средните училишта Јосип Броз Тито, Орце Николов и Васил Антевски Дрен ќе се одржат предавања за јакнење на свеста за приватноста. Со учениците ќе се разговара на прашањата кои најмногу ја засегаат младата популација, а се поврзани со социјалните мрежи, злоупотреба на Facebook профили, како и поднесување на претставки до Дирекцијата.

Дел од инспекторите ќе ги посетат Црвениот крст на Град Скопје, Агенцијата за државни службеници, Стопанската комора, Комисијата за домување и скопскиот Центар за социјални работи.