Денес и утре пороен дожд и ветер до 80 km/h

25

Нестабилно време со пороен дожд и грмежи ќе ја зафати Македонија во текот на денешниот ден и утре. Доцна попладне и во вечерните часови се очекуваат врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни со грмежи и засилен ветер.

Според Управата за хидрометеролошки работи, во југоисточна Македонија ќе наврнат околу 30 литри на метар квадратен.

Денеска ќе дува и засилен јужен ветер со брзина до 80 километри на час.

Температурите во текот на целата недела ќе бидат над нулата.