Денеска е Светскиот ден на штедењето

23

Светскиот ден на штедењето е востановен на 31-ви октомври 1924 година, во текот на првиот Меѓународен конгрес на штедилниците во Милано, Италија.

Целта на овој ден е да ги информира луѓето низ целиот свет за можноста да ги штедат сопствените пари во банките наместо да ги чуваат “под перница“.

Банките во Македонија, со низа активности, се вклучуваат во одбележување на Денот на штедењето за да ги поттикнат нивните актуелни и идни членови да штедат за посигурна иднина.

На овој ден, Здружението на банкарство, доделува признанија на најдобрите службеници во банките и штедилниците за постигнатите особени резултати во вршењето на работните задачи во 2015-та година.