Денеска им истекува “рокот на траење“ на овие мобилни телефони

126

Денеска Google ја укинува поддршката за серијата телефони кои работат на оперативен систем Android 2.3.7 Gingerbread, воведена во 2010 година.

Последната верзија од овој систем е произведена во септември 2011 година.

И токму за сите нив од 27 септември оваа година практично престанува поддршката и со нив повеќе нема да може да се пријавите на вашиот Google профил. А, тоа значи и дека практично нема да имате можност да ги користите сите апликации на вашиот телефон.

Поедноставно, во случај да користите таков телефон, на него нема да може да користите апликации како што се Google maps, G-mail, YouTube, Google Play и слично, ниту пак ќе можете да ажурирате, инсталирате и користите било која друга апликација.

Од компанијата најавија дека доколку се обидете да правите нешто од горенаведеното може да очекувате да се појави некаква “системска грешка“ која ќе ве предупреди на постоење на грешка кај вашето корисничко име или пак лозинка.

Според официјалната статистика на Google во светот 0,3 отсто од сите телефони кои се Androi имаат таков оперативен систем – звучи малку, но се работи за 10.000.000 уреди.