Денеска се одржува аукција на деветата еврообврзница

111

Министерството за финансии соопшти дека денеска ќе се одржи аукцијата за деветата еврообврзница.

– Агентите и потенцијалните инвеститори се известени, а според изразениот интерес кај инвеститорите се очекува успешна аукција. Сумата на која ќе биде запишана еврообврзницата ќе зависи од постигнатата цена на пазарот, а во насока на нашите заложби за задржување на најоптимално должничко портфолио според трошоци и рочност, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Еврообврзницата требаше да биде издадена во февруари, но тоа не се случи поради административни процедури односно се чекаше потпис од новиот министер за правда. Од Министерството за финансии тогаш изјавија дека нова аукција ќе биде спроведена веднаш по изборот на новиот министер.

– Целосната постапка за издавање на еврообврзницата ќе биде извршена по спроведување на административните процедури, кои подразбираат и мислење од новиот министер за правда, информираа тогаш од Министерството за финансии.