Денеска сонце и температури до 14 степени

19

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од девет до 14 степени.

Во Скопје слично време, утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 13 степени.