Денеска сончево и ветровито

12

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и ветровито со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер кој повремено ќе се засилува, особено долж Повардарието и источните делови.

Дневните температури ќе се движат од 19 до 31 степен.

Во Скопје и околината слично време со температура до 28 степени.

УВ индексот ќе изнесува 6.