Денеска сончево со умерена локална облачност

20

sonce-oblaci-pexels

Фото: Pexels

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и топло. Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 23 до 29 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

Утре претпладне се уште ќе биде стабилно и топло, но веќе во попладневните часови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Поинтензивни врнежи се очекуваат в недела кога и температурата ќе биде во опаѓање.