Денеска температури до 18 степени

24

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен локален дожд, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Температурата ќе се движи од 13 до 18 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Температурата ќе достигне до 14 степени.

Во деновите што следат времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Дожд не се очекува во сабота, но во недела се очекуваат повторно врнежи од дожд со пороен карактер и со појава на грмежи.