Денеска Tesla на клиентите ќе им ги испорача првите возила произведени во Германија

104

Компанијата Tesla на клиентите денска ќе им ги испорача првите автомобили Model Y произведени во гигафабриката вредна 5,0 милијарди евра во местото Гринхајде  која е првиот европски производствен центар на Tesla и најголемата инвестиција во германска фабрика за автомобили во поновата историја.

На церемонијата ќе присуствува германскиот канцелар Олаф Шолц заедно со извршниот директор на Tesla, Илон Маск, кој се надеваше дека овој момент ќе се случи пред осум месеци, но локалните власти велат дека тој релативно брзо дошол за проект од оваа големина, пренесе Ројтерс.

Со план за вработување на 12.000 работници, германската гигафабрика и фабрика за батерии ќе стане најголемиот работодавач во покраината Бранденбург, каде што се наоѓа германското седиште на компанијата.