Денеска започнува вакцинација против Ковид-19 без закажан термин и теренска вакцинација

90

Од денеска граѓаните може да примат вакцина против Ковид-19 без да закажат термин за вакцинација, а во над сто населени места во општините во цела држава почнува теренската вакцинација.

Граѓаните кои ќе се вакцинираат без да закажат термин за вакцинација првата доза ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи. Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите на установите.

“Во Скопје вакцинирање без закажан термин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7:30 до 19:30 часот. Од утре ќе се отвори и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7:30 до 14:30 часот. За вакцинација, доволно е само желба и задолжително документ за лична идентификација, за здравствените работници да ги запишат вашите податоци и да бидете евидентирани во системот Мој Термин. Во спортските сали ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина. Овие месеци се одличен период кога бројките на новозаразени и хоспитализирани се намалени, достапноста на вакцините е голема“, соопшти Министерството за здравство и апелира сите граѓани да дојдат и да се вакцинираат, бидејќи тоа е единствен начин да заврши оваа пандемија.

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил наведе на кои населени места започнува од денеска теренската вакцинација:

Делчево – Дулица

Гостивар – Чегране, Форино, Врапчиште, Тумчевиште

Ресен – Долно Дупени, Љубојно, Брајчино

Штип – Три Чешми, Криви Дол, Врсаково, Сарчиево, Судиќ

Прилеп – Ропотово, Пешталево, Секирци, Рилево, Браилово, Г.Радобол, М.Радобил, Тројаци, Топлица, Ракле, Никодин, Царевиќ

Свети Николе – Лозово

Кратово – Сакулица(Татомир,Вакав) Шопско Рударе, Коњух

Виница – Грлани, Калиманци

Демир Хисар – Слепче, Белче, Граиште

Струга – Радожда, Калишта

Ростуше – Врбјане

Дебар – Новак, Брештани, Праленик, Коџаџик, Елевци, Долгаш

Струмица – Водоча, Вељуса,

Босилово – Секирник, Петралинци

Неготино –Криволак

Радовиш – Раклиш, Калузлија, Подареш, Ораовица

Пробиштип – Турско Рудари

Валандово – Чалакли, Башибос, Кочули, Прстен

Кочани – Облешево

Кичево – Аранѓел, Жубрино, Поповјани, Јагол, Јагол Доленци

Кавадарци – Бегниште, Ресава

Битола – Кравари, Оптичари, Егри, Жабени, Меџитлија, Кременица, Гермијан

Вевчани – Вевчани, Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец, Јабланица, Таш Маруништа

Охрид – Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа, Волино

Македонски Брод – Самоков

Велес – Бањица, Отиштино, Раковец, Бусилци, Еловец

Крива Паланка – Дурачка Река, Станци

Куманово – Старо Нагоричане, Никуљане, Стрновац, Челопек, Алгуња, Драгоманце Добрача, Коинце, Пузаљка, Врачовце, Пелинце

Скопје – Буковиќ, Бојане, Ласкарци, Чајлане

Процесот за теренска вакцинација, пак, е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници, а секој граѓанин кој сака да се вакцинира со себе треба да има важечки документ за идентификација. Од Министерството за здравство информираат дека сите вакцини во земјава се безбедни и ефикасни и спречуваат тешки симптоми или смрт од коронавирусот.

Фото: Facebook