Дени интернационал започна со изградба на нов објект

137

За изградба на нов административно-деловен и магацински простор, наменет за пакување и препакување на логистички пратки, на компанијата Дени интернационал, денеска беше поставен камен-темелник во Општина Илинден.

Објектот ќе биде на површина од 3.000 метри квадратни и во него ќе бидат вработени околу 60 лица, а вкупната инвестиција изнесува 1,4 милиони евра.

Дени интернационал е компанија која повеќе години стопанисува во Општина Илинден и располага со шпедиција, транспортен и логистички центар, како и бензиска пумпа на влезот во Општината.