Старата скопска чаршија ќе биде домаќин на петтата манифестација Денови на занаетчиството во Македонија.
Целта на настанот е промоција на потенцијалите на занаетчиството како фактор за економски развој, креатор на нови работни места, атрактивно занимање за младите, чувар на традицијата и културата.
На манифестацијата Занаетчиската комора на Македонија (ЗКМ) ќе додели признание Занаетчија на годината, а Министерството за економија, покровител на настанот, Признание за најуспешните. Ќе бидат промовирани и првите сертифицирани ментори за практична обука на ученици кај работодавачи.
Најавено е учество на министерот за обарзование и наука Абдилаќим Адеми, претседателот на Занаетчиската комора на Македонија, Весна Симова и заменик – амбасадорот на Сојузна Република Германија во Македонија, Ханс – Хелге Зандер.
Денови на занаетчиството е заеднички проект што од 2010 година го реализираат занаетчиските комори на Македонија и на германски Кобленц.