Десет градови во кои живеат најмногу милионери

138

Најголем број милионери живеат во Соединетите Американски Држави, открива новата студија на Henley Global Citizens Report.

Дури пет од топ 10 градови со најголем број милионери во светот се наоѓаат во оваа држава во Северна Америка. Станува збор за Њујорк, Сан Франциско, Лос Анџелес, Чикаго и Хјустон.

Њујорк, како што пишува punkufer.hr, го зазеде првото место со дури 345.600 поединци чие богатство се проценува на еден милион долари или повеќе. Од тој неверојатен број, повеќе од 15.000 луѓе поседуваат неколку десетици милиони, 737 луѓе поседуваат повеќе од 100 милиони долари, а 59 од нив се милијардери.

На второ место е јапонскиот Токио со 304.900 милионери, а по него е Сан Франциско со 276.400 милионери.

Во првите 10 градови со најголем број милионери се вклучени главниот град на Обединетото Кралство, Лондон, како и Сингапур, Пекинг и Шангај.

Десет градови со најмногу милионери во светот:

Њујорк, САД, 345.600 милионери
Токио, Јапонија, 304.900 милионери
Сан Франциско, САД, 276.400 милионери
Лондон, Обединетото Кралство, 272.400 милионери
Сингапур, 249.800 милионери
Лос Анџелес, САД, 192.400 милионери
Чикаго, САД, 160.100 милионери
Хјустон, САД, 132.600 милионери
Пекинг, Кина, 131.500 милионери
Шангај, Кина, 130.300 милионери